Нотари
Проектот „Нотари„ вклучува изработка на електронска база на податоци за сите назначени нотари во Република Македонија„. Проектот е реализиран во соработка со Нотарската Комора на Република Македонија. Базата на податоци на Правосудна Мрежа зодржи повеќе од 130 нотари и е единствена од таков вид во Република Македонија.
Проектот е дизајниран на таков начин што секој нотар пополнува формулар и врз основа на параметрите наведени внатре се изработи посебен интернет профил за секој нотар. Бидејќи листата, бројот, податоците и контакт информации на назначените нотари се менува, Правосудна Мрежа – Македонија ја ажурира листата на нотари и постоечките информации на профилите.
Интернет профилот на секој нотар содржи јавни информации како: име, адреса, контакт телефони, факс, судско подрачје во кое работи, дата на регистрација во Министерството за Правда и специјална ГПС мапа со точна локација за нотарската канцеларија.
Базата на податоци за нотарите е бесплатна за користење и достапна на сите граѓани на Република Македонија кои имаат пристап до интернет.
Проектот поддржува транспарентност на податоците и овозможува брз и лесен простап до корисни информации.
Формулари за изработка на веб страна:
Преземи формулар за нотари.doc