ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Јавна и транспарентна презентација на податоците од јавен карактер за работата на судовите во Република Македонија, судските вештаци и судските преведувачи, а во наредната фаза презентација и на судската пракса.

Ваквата презентација на услугите за пошироката стручна и општа јавност е чекор напред во исполнување на стандардите за поквалитетно живеење, побрз економски и социјален развој и напредок кон исполнување на европските стандарди.


ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ

Проектот е реализиран преку заедничкиот договор за соработка потпишан помеѓу Министерството за Правда на Република Македонија и Министерството за Правда на Република Хрватска. Проектот е финансиран преку Министерството за Надворешни Работи на Кралството Холандија. Намерата е да се засили регионалната соработка и да се понуди поддршка за реформскиот процес во правосудството.

ЗАДАЧА

Основната задача на Правосудна мрежа – НВО со полна поддршка на Министерството за правда, Врховниот суд на Република Македонија, Академијата за обука на судии и јавни обвинители како и Здружението на судии на Република Македонија, ќе биде јавна презентација на податоците за работата на судовите во Република Македонија, судските вештаци и судските преведувачи, како и на судската пракса по пат на Интернет мрежа.

За изработка и Интернет презентација на овие податоци Правосудна мрежа – НВО ќе ги собере сите потребни информации, ќе изврши проверка на истите и ќе ги внесе во базата на податоци.

Базата со податоци за работата на судовите, судските вештаци и преведувачи, како и судската пракса преку остварување на непосреден контакт со овие субјекти, ќе биде основа за нивно непречено ажурирање во насока на изработка на посебни Интернет страници кои на едноставен начин ќе бидат пребарувани според различни клучни зборови.

Сите информации достапни преку Интернет презентацијата ќе бидат на македонски, англиски и албански јазик.


РЕЗУЛТАТИ НА ПРОЕКТОТ

Едноставен начин на пребарување и пристап до податоците кои до сега не беа достапни на пошироката јавност.

По завршувањето на проектот, целосната апликација ќе биде во сопственост на Министерството за правда, како еден сегмент од активностите на веќе донесената „Стратегија за Информатичко-комуникациската технологија во правосудството на Република Македонија, што се одвива на полето на информатизацијата, а што е од друга страна и една од стратешките приоритети во спроведување на реформата на правосудниот систем кај нас, преку хармонизација на македонското законодавство со европското и примена на најдобрата практика од земјите-членки на Европската Унија, а во остварување на крајната цел – полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија.