Интернет страници за судовите
Проектот „Интернет страници за судовите„ во Република Македонија беше реализиран во соработка со основните, апелационите, врховниот и управниот суд и со голема поддршка од Здружението на судии на Република Македонија. Интернет страниците на судовите периодично се ажурираат во согласност со промените во самите судови.
За прв пат во Македонскиот правосуден систем можете на едно место да ги најдете сите релевантни информации со помош на интернетот.
Една од целите на проектот „интернет страници за судови„ е да ја зголеми транспарентноста на правосудниот систем и да им овозможи на граѓаните една ИТ инфраструктура за лесен пристап до судовите и услугите само со кликнување на мапата на Република Македонија.
Базата на податоци ги содржи сите јавно достапни информации за основните судови, апелационите судови, врховниот и управниот суд на Република Македонија.
Пристапот до сите информации е бесплатен за користење и достапен на сите граѓани на Република Македонија кои имаат интернет конекција.