Судски преведувачи
Проектот беше реализиран во соработка со основните судови на Република Македонија.
Базата на податоци постојано се надополнува со новоназначени судски преведувачи
Базата на податоци за судски преведувачи креирана од НВО Правосудна Мрежа е уникатна во Република Макеоднија. Можете да најдете јавни информации за повеќе од 1000 овалстени судски преведувачи според судската надлежност, категоризирани по 29 светски јазици пред 27 основни судови во Република Македонија.
.
Напредното пребарување кај овалстените судски преведувачи вклучува пребарување со избор на параметри како судско подрачје односно суд и јазик за кој е назначен судски преведувач. Профилите за судските преведувачи содржат најразлични корисни информации и можност на самиот профил да се прикачи биографија, референци, трудови и најразлични документи кои се битни за корисниците кои ја користат базата.
Со имплементација на овој проект битно се влијае на намалување на протежирање на определен број на овластени судски преведувачи како и селективен пристап при изборот на истите, за квалитетот на водењето на судските постапки, во интерес на заштита на правата на странките што претставува битен сегмент во превентивна борба против корупцијата и криминалот
Главниот бенефит од овој проект е да се зголеми транспарентноста на административната работа, да се овозможи лесен и брз пристап до информации, зајакне довербата на јавноста, подобри квалитетот на водењето на судските постапки кои претставува важен сегмент во борбата против криминалот и корупцијата.
Формулари за изработка на веб страна: