Судски вештаци


Проектот беше реализиран во соработка со основните судови на Република Македонија.

Базата на податоци е уникатна во Република Макеоднија. Можете да најдете јавни информации за повеќе од 750 овалстени судски вештаци според судската надлежност, категоризирани по 31 гранка и многу повеќе подгранки на вештачење пред 27 основни судови во Република Македонија.

За прв пат во Македонија, НВО Правосудна Мрежа креираше динствена номенклатура од стручните области на вештачење по која се класифицирани вештаците во базата на податоци.

Проектот вклучува активности како собирање на сите регистри на судски вештаци од судовите, како и собирање на податоците преку директен контакт. Пополнети формулари и информациите во нив се основа за нашите интернет профили.
Базата постојано се надополнува со новоназначени судски вештаци.

Целта на овој проект е да се зајаќне транспарентноста на административната работа и довербата на јавното мислење, да се овозможи полесен и побрз пристап до информации и да се подобри квалитетот на судските постапки што претставува важен сегмент во борбата против корупција.

Формулари за изработка на веб страна:

Преземи формулар за судски вештаци (физичко лице).docГранки и подгранки на вештачење.doc

Пребарување на вештаци

Име и презиме / Фирма / Адреса
Гранка на дејност
Подгранка на дејност
Апелационен суд
Основен суд